Во вчерашната емисија „Што не е јасно?“ на „Алфа“, лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села потври дека премиерот Зоран Заев пред извесно време му понудил да го замени Али Ахмети и ДУИ и неговата партија да стане дел од власта.
Точно е до негде. Не сакам да се враќам на таа слика. Тоа наликуваше на владеењето на Груевски. Тој имаше албански коалиционен партнер во власта, ама секогаш го уценуваше дека надвор чека другата албанска партија пред врата и чека да влезе. Понудата на Заев наликуваше на стариот премиер, рече лидерот на Алијанса.
Села додаде дека Алијанса за Албанците ќе биде дел од новата Влада кога ќе победи на следните избори.
Нема да се случи тоа што се случи во 2016 година. Албанците гласаа за СДСМ во тоа време, но тие гласови беа за да падне ДУИ. Правда нема, ама се надевам дека ќе има мир. Алијанса за Албанците сама ќе ја победи ДУИ овој пат. Ќе коалицираме со таа партија која ќе ја прифати програмата и нашата политичка платформа. Нашата програма ќе биде економска, развојна и ќе ги тангира сите проблеми на граѓаните на ова општество. Ние сме свесни дека нема да добиеме 50 пратенници, и јас нема да бидам мандатар, но ќе застанам рамо до рамо со онаа партија која ќе ја прифати нашата програма, порачува Села.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.