Предизборниот карван на коалицијата „Сега е време“ одржа два предизборни собири во Гостиварско, на кои присуствуваа лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села и кандидатите за пратеници во шестата Изборна единица од Коалицијата „Сега е време“.

При посетата на Дебреше, едно најголемите села во Гостиварско, Села го побара гласот за коалицијата за која, како што рече, ќе ги заштити интересите на Албанците и повика на фер изборен процес.

Во Гостивар во градскиот парк на отворено, Села и генералниот сектретар на партијата Алијанса за Албанците Арбен Таравари имаа обраќања пред помладите сопартијци при што ја нагласија опасноста од комарот. Села вети дека ќе бара начин со кој казината кои се во близина на школите да бидат отстранети. Тој се осврна и на владеењето на ДУИ.

„Од ДУИ тврдат дека се реформирани, но тоа не го направиле и нема. Од друга страна, коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива остануваат субјекти со најчисти личности кои никогаш не извалкаа рацете во криминал и корупција и докажаа дека можат да се управува поинаку ако им се даде можност. Така е со општината Гостивар и Министерството за културата. Сега е време овие срамни политичари да ја добијат казната што ја заслужуваат и да дојде новата генерација на политичари да ги води Албанците од Македонија“,

рече Села.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.