Претседателот на политичката партија Алијанса за Албанците, Зијадин Села понуди оставка на седница на Централното собрание, но мнозинството не ја прифати, со што тој и натаму ќе ја води најбројната опозициска партија во албанскиот блок. Од партијата официјално се отстранети и претседателите на ограноците од Тетово и Долнени.

Според Села, отстранувањето следува откако тие пред изборите најавиле соработка со партијата „Беса“, а со нивните постапки и делување грубо го прекршиле партискиот статут.

Централното собрание на партијата на седницата работеше по шест точки, но по барање на лидерот беше ставена уште една точка која се однесуваше на неговата оставка. Со мнозинство гласови, оставката беше одбиена, со што на Села му продолжува мандатот како претседател.

На паузата од седницата која се одржува во спортската сала „Младост“ во Гостивар, Села ги објасни одлуките за понудената оставка и отстранувањето на некои членови од нивните редови.

За понудената оставка рече дека тоа е морален чин по изборниот резултат, но одлуката е на највисокото раководството.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.