Претседателот на Алијансата за Албанците (АА), Зиадин Села, го обвини лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, за како што рече, лошата состојба во која се наоѓаат Албанците од Македонија, пишува весникот ЛАЈМ. На прашањето на новинарите во Приштина за изборот на новиот премиер Димитар Ковачевски за шеф на Владата во Скопје, Села рече дека пристапот на македонските премиери кон Албанците зависи од пристапот на Али Ахмети како партнер во владината коалиција.

„Тој штотуку е избран за премиер, немајте дилема: Пристапот на премиерите, кој и да е тој, зависи од пристапот на г. Ахмети. Кога неговиот пристап е лош, Албанците на албанците му е лоша работата.Со жалење велам дека пристапот на Ахмети беше лош и поради тоа Албанците претрпеа многу последици“, рече тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.