Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, синоќа во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 рече дека во Собранието ќе ја поддржат секоја иницијатива за интерпелација.
Ненормално е да не гласам за интерпелација покрената од опозициска партија. Ние сме опозициска партија и би требало да ја поддржиме секоја иницијатива за интерпелација – рече тој.
Како што претходно најавија, опозициската ВМРО-ДПМНЕ до Собранието вчера поднесе предлог за интерпелација на вицепремиерот Никола Димитров со образложение дека го игнорирал Парламентот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.