Претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села денеска истакна дека не сака да го коментира францускиот предлог за решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија.

Според него, за истиот да биде анализиран треба да има официјален документ.

Села кажа како Алијанса ќе поддржи вклучување на Бугарите во Уставот.

„Јавно кажав, да, Бугарите треба да бидат во Преамбулата. Тука немаме дилема. Доколку дојде таков предлог… Реков дека не можам да зборувам без да знам каков е предлогот… Алијансата за Албанците е таму да поддржи“, изјави Села.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.