Споделувајќи фотографии, за кои вели дека се нови дивoградби на брегот на Охридското Езеро, лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села преку „Фејсбук“ обвини дека зад изградбата стои струшкиот градоначалник Рамиз Мерко и неговите роднини.
Исклучително алармантно бетонирање на брегот на Охридското Езеро, светско наследство на УНЕСКО. Граѓаните известуваат за пет викендички кои најверојатно ќе ги градат градоначалникот и неговите роднини во кампот Ливадиште, на земјиште во сопственост на Eлектрани на Македонија (ЕСМ). Заменик директорот на ЕСМ е од редовите на ДУИ. Овој нов урбан и еколошки криминал доаѓа само неколку недели откако нивната партија го објави своето ребрендирање како зелена партија, напиша на Фејсбук лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.