Лидерот на Алијансата за Албанците , Зијадин Села одби да присуствува на закажаната средба со премиерот Зоран Заев, на која требаше да разговараат за консензуален кандидат за претседател откако министерството за образование ги одзеде ингеренциите на градоначалникот на Гостивар , Арбен Таравари да именува и разрешува директори на училиштата.

Оваа одлука дојде од централната власт, т.е. од партиите ДУИ и СДСМ (иако верувам дека вторава нема голема улога во одлукава). Морам да истакнам дека од страна на нашата општина, и покрај лошите услови, нема никаква повреда која води кон ваква флагрантна одлука, обвини Таравари на „Фејсбук“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.