Алијанса за Албанците и Алтернатива, утре официјално ќе го потпишат договор за коалиција за предвремените парламентарни избори закажани за 12 април. Во соопштението на Алијанса за Албанците, се вели дека договорот за соработка ќе биде потпишан откако двете парти се согласиле заеднички да учествуваат во изборите што следат.
Свеченоста за потпишување ќе биде проследена со прес-конференција на која ќе се обратат Зијадин Села и Африм Гаши во „Холидеј Ин“. По потпишувањето, двајцата претседатели и другите членови на партијата ќе се сретнат со граѓаните во скопската чаршија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.