Грешат Албанците во Македонија кога се обидуваат да направат споредба меѓу македонските партии, вели лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, коментирајќи ја констатацијата на градоначалникот на Гостивар и генералниот секретар на АА, дека СДСМ на премиерот во заминување Зоран Заев е иста, а можеби и полоша отколку претходното ВМРО-ДПМНЕ.

Бидејќи денес кога ние зборуваме Албанците прават споредби. Велат дали беше полошо, за жал ние лошото го споредуваме. Лошото е лошо, тоа може да биде само поголемо или помало. Велат дали беше полошо кога ДУИ беше со ВМРО или сега кога ДУИ е со СДСМ. Мојот одговор е ист. Затоа што во 2016 Албанците не гласаа за промени и да очекуваат да биде полошо или подобро. За Албанците ситуацијата ќе биде таква зависно од партијата која ги добива изборите и која ќе биде дел од Владата. Затоа, во 2020 година на 12 април Албанците ќе гласаат поинаку и нема да биде исто. Ви велам дека ќе биде подобро и тогаш ќе имаат право да зборуваат дали е подобро или полошо. Додека не го менуваат албанскиот учесник кој е во Владата веќе 18 години со мал прекин, но целата локална власт ја имаа тие и во тие 18 месеци додека беше ДПА. Се додека не се смени ова не можеш да очекуваш да има други резултати. Со истиот избор да очекуваш други резултати, тоа е нелогично. Исто ќе биде се додека не се менува нешто и додека ДУИ не оди во опозиција, рече Села во интервјуто за „360 Степени“.

Села вели дека Таравари има свои убедувања и дека ова е негово мислење, но дека тој не се согласува со оваа констатација.

Јас сметам дека фокусот на Албанците треба да биде кај албанските политички партии. Не сме ние тие кои кажуваат кои се подобри или полоши. Јас повеќе би рекол дека, на крајот на краиштата, Албанците гласаат за албански политички партии. Тој има право и можеби е изваден од контекст. На пример, ова го слушнав дека го кажал. Јас сум бил градоначалник во времето кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт, нивен противник, на целата власт и на ДУИ. Арбен Таравари денес е градоначалник кога СДСМ е на власт, има мнозинство и има премиер. Резултатот од моето управување во општина Струга, ВМРО-ДПМНЕ заедно со ДУИ во период од 3 години со сила зедоа 3 милиони евра од мојата општина. И овие средства ги повлекоа заради една инвестиција што беше направена во општина Охрид. Ова се нарекува експлоатација, нели? Но никогаш не смееше да ми ги одзема надлежностите во образованието. И сега Зоран Заев под притисок на ДУИ или по своја желба и СДСМ секоја година ги одзема надлежностите за образование на Арбен Таравари. И кога се прави споредба на ова, тогаш тој малку е во право, но јас не велам дека бил подобар тој режим, бидејќи и таквото прашање упатено кон мене е погрешно, бидејќи сум се пожртвувал да го сменам тој режим. Секој којшто мисли дека ВМРО била подобра, тој прави голема грешка, вели Села.

Според Села оценката на Таравари се однесува на случувањата во локалната власт и во некоја мера тој има право.

Ти да правиш сешто, со оваа власт што ја доби со помош од Алијансата за Албанците за да ѝ наштетиш во секој чекор, и јас не можам дека и тој нема право, но лошото е лошо и не треба да се спореди. Грешката е грешка и јас велам дека не треба да се прави споредба. А во однос на игрите дека одзел надлежности на една градинка само за да се каже дека сме одзеле надлежности, тоа е апсурдно. Кога се одземат надлежности на една општина која е од истата партија на власт, тоа е само игра, на крајот на краиштата, дали знаете зошто се одземат надлежностите во Гостивар, зошто ДУИ ги плаши, прашува Села.

Додаде дека не е вистина, дека Таравари незаконски менувал директори на училишта.

Јас ги имам сите досиеја, подготвен сум да му упатам директно прашање на министерот. Единствената причина е зошто директорите кои се селектирани немаат положено испит за управување. А законот вели дека откако ќе биде избран за директор, во период од 6 месеци треба да положи испит за управување. Директорите именувани од Таравари не биле 6 месеци на должност за да му ги одземеш надлежностите. Имаше еден случај каде сам разрешил еден директор, министерот за образование. И градоначалникот постапил исто како што постапил и министерот и повторно му се одземаат надлежностите. Значи надлежностите му се одземени заради една единствена цел, а тоа е да држат контрола во училиштата, бидејќи местата каде има повеќе вработувања се училиштата, и за да продолжат да ги плашат наставниците за да ги држат како свои гласачи. Тука е идејата и ова треба да се искаже гласно. И ова денес го прави СДСМ, бидејќи ДУИ ова постојано го прави. Но овие велат дека сме различни, тогаш докажи дека сте различни, вели Села.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.