Владиниот портпарол, Душко Арсовски, одговарајќи на новинарско прашање за барањата на сексуалните работнички за декриминализација на нивната работа, изјави дека во тек е процес на разговори за измени на Кривичниот законик во кој, меѓу другите, се вклучени и претставниците на невладиниот сектор.

Барањата во моментов се разгледуваат, измените на Кривичниот законик се очекува многу скоро да бидат на седница на Влада. Се воведуваат нови кривични дела, како што се полов напад и полово вознемирување. Тоа ги опфаќа сите лица, жени, меѓу кои, секако, се и сексуалните работнички – изјави Арсовски.

Сексуалните работници денеска во Скопје, под мотото „Црвениот фустан добро ми прилега“, го одбележаа Меѓународниот ден на сексуалните работници – 2 Јуни, и порачаа дека е потребно унапредување на нивните здравствени, социјални и работнички права.

Заедницата на сексуални работници бара признавање на сексуалната работа како професија по слободен избор, со што таа ќе стане дел од пазарот на трудот, а сексуалните работници ќе бидат препознати како работници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.