На иницијатива на претседателката на Советот на Општина Битола Габриела Илиевска од граѓанското движење Поинаку, започнува да функционира канцеларија на советниците.
Да ги отвориме инститиуциите за граѓаните беше едно нашите ветувања и заложби кое започнува да се реализира, затоа што навистина веруваме дека институциите треба да работат во служба на граѓаните. Почнувајќи од месец јануари за првпат во Општина Битола започнува со работа канцеларија за средби на граѓаните со советниците. Секоја советничка група ќе има отворен ден во неделата за средби со граѓаните, советниците ќе бидат достапни да ги слушнат проблемите, идеите и потребите на граѓаните, кои исто така ќе можат да добијат и информации за работата на Советот на Општина Битола.
Канцеларијата е дел од просториите на салата на Советот на Општина Битола и истата ќе започне со работа веднаш после новогодишните и божиќните празници, велат од Поинаку.
Канцеларијата ќе биде отворена секој работен ден, а распоредот по советнички групи кои имаат претставници во Советот на Општина Битола е следен:
Понеделник – ВМРО-ДПМНЕ
Вторник – СДСМ
Среда – Поинаку
Четврток – Левица
Петок – ЛДП/ДОМ и ДУИ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.