Како никогаш досега светот, но и македонските граѓани, се свесни за пожртвуваноста, посветеноста и храброста на овие луѓе, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски упатувајќи честитка за Меѓународниот ден на медицинските сестри.
Медицинските сестри, медицинските работници застанаа во првите редови справувајќи се со најголемиот предизвик со кој се соочил човекот во 21 век, борејќи се против светската пандемија на опасниот корона вирус.
Во Македонија медицинскиот персонал се соочуваше со недостаток на заштитна опрема, голем процент од заболените се здравствени работници, но и тоа не ги поколеба и запре да се борат за секој еден човечки живот.
Секоја генерација има свои херои, вие почитувани медицински работници сте хероите на ова време, порача Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.