Бев во Карпош и граѓаните на оваа скопска општина се подеднакво незадоволни од правецот во кој се движи Република Македонија. Оваа власт ја посрамоти државата, пустошејќи ја тие донесоа и голем арамилак, а тоа го гледаат и нашите партнери од Европа и гледаат дека во оваа држава царува и владее криминалот, безредието, владее опостушувањето, луѓето се иселуваат од немоќ. Ете тоа е реалната и болна вистина во Македонија и токму поради тие причини датумот за одпочнување на преговори со Европската Унија не само што има опасност да биде условен, туку големи се шансите да биде одложен и за некои други времиња, пишува лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил по денешните средби со граѓани од општина Карпош.

Како дел од активностите на партијата во рамки на акцијата Обнова за Македонија, Мицкоски денеска додаде дека со големи препреки во моментов во Македонија се соочуваат и бознисмените во своето работење, како и пензионерите кои не можат да си обезбедат достоинствен живот.
Слушаме во разговорите со бизнисмените за рекетирањата за уцените за арачот кои што мораат да го платат ако сакаат навреме да добијат исплата на сработеното ако сакаат да добијат работа, некој тендер. Слушаме колку е тежок животот на пензионерите за недостоинсвената пензија па и онаа малата пензија кој им ја скратија со измени во законот за исплата на пензиите и затоа еве ветувам дека следната недела пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ во парламентот ќе поднесе амандман за враќање на старото законско решение каде што пензиите на пензионерите ќе бидат покачени и тоа ќе бидат покачени достоинствено а не за оние срамни 36 денари, кои што ги направи владата на Зоран Заев и СДСМ. Нам ни треба влада која ќе гарантира владеење на правото и безусловна правдина и почитување на законите и почитување на Уставот, а секој оној кој што се огрешил пред законите, и нанесол неправда ќе мора да сноси одговорност, и јас тоа ви го ветувам, дополни Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.