Седумте лица што ја преживеале несреќата, се во стабилна здравствен состојба, пренесува „Дојче веле“.

Во болницата „Пирогов“ се сместени седум лица, со изгореници на лицето и проблеми во горните дишни патишта. Двајца имаат и изгореници на рацете, а другите рани од посекотини – изјавила проф. Маја Аргирова, началник на Клиниката за изгореници во „Пирогов”.

Седмата жртва имала скршеница на надколеницата и била сместена на одделот за трауматологија.

Луѓето се во тешка траума, изгубиле роднини, деца. Скокнале од прозорците на автобусот, па оттука им се повредите – рекла Аргирова. Тие биле донесени во болница по 3 часот утрово.

По трагедијата на местото на несреќата пристигна премиерот на службената влада, Стефан Јанев, придружуван од повеќе соработници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.