Изминатата ноќ 7 пациенти починале во тетовската болница како последица на ковид 19, објави „Слободен печат“ повикувајќи се на изјава од раководителот на ковид центарот доктор Гзим Нуредини.

Хоспитализирани се 111 лица, од кои што 102 се на кислородна поддршка. Од хоспитализираните само еден е вакциниран со две дози, а со една доза вакцинирани се шестмина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.