Во рамките на процесот за ран скрининг на заболени од коронавирус кој започна во неколку општини, попладнево се направени 30 тестови со поширока индикација и дополнителни 8 кои пристигнаа преку Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, соопшти вечерва министерот за здравство Венко Филипче.
Од 38 тестирани, позитивни на коронавирус се 7 лица, 3 од Дебар и 4 од Скопје.
Во текот на денешниот ден се регистрирани вкупно 11 нови случаи на коронавирус. Со ова, бројката на заболени од вирусот во земјата, состојба до 21:00 часот, изнесува 42. Состојбата на сите пациенти е стабилна. Двајца од заболените имаат средно изразена пневмонија, соопшти Филипче.
Во моментов, се работат уште 22 теста и тие се во рамките на скринингот, а за резултатите од овие тестови ќе има информации во текот на утрешниот ден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.