Седум нови случаи на корона вирус се регистрирани денеска во Тиквешко, шест во Кавадарци и еден во Неготино.
Доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје, за МИА информира дека новозаразените се на возраст од 30 до 64 години, од двата пола.
Едни се заразиле од претходно позитивни случаи во семејствата, а други не знаеле од каде се заразиле со вирусот Ковид-19. Сите се на домашно лекување.
Се утврдуваат нивните контакти, со цел нивна изолација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.