Додека Министерството за здравство објавува 7 починати од корона вирус, лидерот на СДСМ и доскорашен премиер на Македонија, Зоран Заев, повикува на избори. За него седумте починати се само бројка. 125 новозаболени од ковид-19 од кои 89 се од Скопје е податок за загрижување а не за собирање политички поени и користење моменти во своја полза. Тоа се луѓе со име и презиме, а не самообилна бројка.

Но се чини податоците кои ги имаме во последните денови за него ништо не значат. За него е најбитно да има избори, и како што кажа да го тргне Наке Чулев од министер за внатрешни работи.

Вонредната состојба досега се носеше заради економските мерки за помош на граѓаните и стопанството. Владата не гледа потреба да носи четврти пакет на економски мерки затоа што до есен ќе се реализира третиот пакет на економски мерки кој е веќе донесен, посочи Заев.

Според него нема никакви причини Владата да бара нова вонредна состојба и немала основ како да ја оправда.

Затоа роковите за избори остануваат онака како што е законски и уставно пропишано, а тоа е 22 дена од завршување на вонредната состојба, односно на 5-ти јули – изјави Заев за весникот „Вечер“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.