Во Собранието денеска седници треба да одржат Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Комисијата за култура.

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе расправа по Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за основање државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор сепен во второ читање.

На дневен ред на седницата на Комисијата за култура се Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за аудиовизуелните добра, по скратена постапка, Предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за музеите, Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за меморијалните споменици и спомен обележјата и Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за издавачката дејност, по скратена постапка во второ читање.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.