Собранската седница за избор на Владата ќе продолжи утре во 12 часот, а за новиот владин состав пратениците треба да гласаат до полноќ.
Доаѓа време на ред правда и дисциплина, време на почитувње на правосудството и неселективно владеење на правото, вети мандатарот Зоран Зоран пред пратениците образложувајќи ја програмата на Владата.
Тој најави една милијарда евра странски инвестиции и намалување на стапката на невработеност по кризата по 3 проценти годишно со конечна цел едноцифрена стапка на невработеност до крајот на мандатот. Заев најави и амбициозна временска рамка за отворање и затворање на преговарачката поглавја со ЕУ.
Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, порача дека ќе има демонстрации против лагите на владата и дека тоа ќе се гледа по македонските градови и села.
Оваа коалиција ќе биде срушена на масовни демонстрации во македонските градови и села. Демонстрациите ќе почнат уште оваа есен, затоа што капацитет за запирање на поларизацијата нема, а нема капацитет ни за реализација на ветувањата. Народот се чувствува излажан и несоодветно претставен во оваа влада, рече Николоски.
Иако поголемиот дел од дебатата се одвиваше меѓу пратениците на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, реагираа и од Алијансата за Албанците. Пратеникот Скендер Реџепи посочи дека предложените министри од редовите на ДУИ нема да придонесат за зголемување на стандардот на Абанците во земјата.
ДУИ имаше 20 години министри во клучни ресори, но тие не направија ништо за Албанците, рече Реџепи.
Арбр Адеми од ДУИ му реплицираше на Реџепи, велејќи дека ДУИ, секогаш пишувале историја, за прват имаме претседател на Собрание, ќе имаме и претседател на влада и сето тоа е во насока на толеранција меѓу етничките заедници и оти нема цел која е неостварлива за Албанците.
Изборот на министрите и Владата на Зоран Заев треба да се случи до утре на полноќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.