Желбата на Заев за власт ги чини граѓаните здравје. Секојдневните трицифрени бројки од новозаболени од Ковид-19 ја потврдуваат неспособноста на СДСМ. Бројката која надмина 3.150 заразени е катастрофална. Во ваква ситуација е ненормално СДСМ и Заев уште да зборуваат за избори на 5 јули, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

На листата на „Форбс“ сме рангирани на 103-то место во светот, односно се наоѓаме во групата на небезбедни држави по однос на справување со епидемијата. Но за жал, тоа не е доволно за СДСМ да се откажат од идејата да се одржат брзи избори. Зоран Заев го стави на ризик животот на илјадници, па со конфузни мерки направи хаос во државата.
Додека неговите функционери се шетаа низ Маврово и Берово народот беше затворен во четири ѕида. ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. СДСМ за три години донесе хибриден режим, растечка корупција и криминал и сиромаштија во целата држава, стои во соопштението на најголемата опозициска партија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.