Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 722.578 граѓани.

Прва доза вакцина во саботата и вчера примиле 9.240 граѓани, а вкупно се вакцинирале 18.292 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.253.612 дози вакцини, а ревакцинирани се 531.033 граѓани, соопштија од Министерството за здравство.

Од МЗ додадоа дека со последните бројки 52 отсто од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 28 проценти од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

– Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител, наведоа од МЗ.

Од Министерството за здравство посочија дека вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата.

– Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата, потенцираа од МЗ.

 

Игор Николов во интервју за „Република“ објасни како е како е можно со зголемување на бројот на вакцинирани да се зголемува и бројот на заразени.

Би требало тоа да биде обратнопропорционално но се случува доцнење на вакциналниот процес.Имаме вакцинирани со втора доза релативно доцна и немаше време да се создаде тој имунитет за кој се потребни од 4 до 6 недели и со тоа се соочуваме со феноменот да расте бројот на заразени но неоспорен е фактот дека бројот на заразени со тешка клиничка слика а се вакцинирани е прилично помал во однос на невакцинираните.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.