Дел од одлуките на Владата кои беа усвоени на денешната седница се и затворањето на граничниот премин Џепчиште – Требиште и преминот Блато, како и затворање на скијачкиот центар „Заре Лазаревски“ во Маврово.

Усвоена е препораката за прогласувањето на кризна состојба во Дебар и Центар Жупа и предлогот ќе биде доставен од претседателот на државата за понатамошно процесуирање.

Владата му предлага на Претседателот да одлучи за учество на дел од припадниците на Армијата (вид и број на сили и капацитети на армиските единици, намена и задачи за кои се бараат и времетраењето на активноста и ангажираноста на армиските единици), во справување со кризната состојба“,се вели во соопштението.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.