Затворени се четири угостителски објекти во Битола, Гостивар и Тетово кои не ја почитувале забраната за работа, а надвор од употреба се ставени 40 кафемати во Скопје, Охрид и во Гостивар, при надзорите што ги спровеле пазарните инспектори од 6 до 8 месецов во однос на почитување на мерките и препораките на Владата за спречување на ширењето на коронавирусот.

Претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска Грашкоска денеска соопшти дека од 6 до 8 април  шесте инспекциски служби спровеле вкупно 1.346 надзори од кои 547 од страна на Државниот пазарен инспекторат.

Пазарните инспектори извршиле и визуелни контроли на угостителските објекти низ државата при што е констатирано дека ја почитуваат забраната за работа, а кај мал дел од трговците се констатирани зголемени цени на производи и по надзорите се вратени на изност од 11 март.

Во тек на 164. надзори од инспекторите при Агенцијата за храна и ветеринарство се изречени шест мерки и едукациии поради неспроведени обуки за основни знаења за безбедност  на храна и се изречени седум решенија за костатирана лоша  општа хигенска состојба,  а правните субјекти се задолжени да извршат дезинфекција.

Спроведени се и 43 контроли од инспекторите од Агенцијата за лекови, кои констатирале дека нема специфични отстапувања и оти секторот ги почитува препораите, односно се одржува ред во аптеките, а цените се во согалсност со одлуките на Владата



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.