Владата на денешната седница ја донесе Одлуката за забрана на сите авионски летови од Велика Британија и Северна Ирска во Република Македонија до крајот на 2020 година.
Одлуката е донесена врз основа на препораката на Комисијата за заразни болести.
-Со оваа Одлука ќе биде задолжителна проверка на сите патници кои влегуваат на територијата на Македонија од Велика Британија и Северна Ирска преку копнен граничен премин и на граничните премини на аеродромите во Скопје и Охрид и сите ќе бидат задолжително упатени во самоизолација од 14 дена, како и да пополнат пријава за влез во државата со податоци за местото на сместување, информира владината прес-служба.
Комисијата за заразни болести ја препорача забраната за летови на денешниот утрински состанок, по информациите дека нов мутиран корона вирус се шири во Велика Британија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.