Македонија е во тотален хаос. Нема ни стратегија, ни цел, ни протоколи, ни вакцини. Новиот бран од епидемијата од ковид-19 неконтролирано се шири, а неспособната власт на Заев нема ниту план да го спречи, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Власта нема набавено вакцини и затоа сме 118 место по број на вакцинирани во светот според Блумберг. Истовремено сме на 7-мо место по смртност и во такви услови власта на Заев организира попис кој уште повеќе ќе ја влоши епидемиолошката слика. Тоа само ја покажува целата неспособност и неодговорност на власта. Во отсуство на јасни протоколи и заштита на граѓаните, власта посега кон воведување на полициски час како единствена мерка. Тоа само дополнително ќе ги зголеми метежите во јавниот превоз, шалтерите и институциите, а ефектите ќе бидат безначајни, велат од партијата.
Според ВМРО-ДПМНЕ, вака како што наумил Заев, а Филипче и Комисијата како што спроведуваат, само ќе се влошува состојбата. Економијата во државата, здравјето и животите на граѓаните и понатаму ќе останат жртвите на хаосот кој го создава власта на Заев со нивните стихијни и недоволно планирани мерки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.