Влада на денешната 162 редовна седница ја одобри гасификација на КПУ Затвор Скопје за намалување на аерозагадувањето, обезбеди буџет за изградба на детски градинки во Чаир и Лозово и за опрема во градинките во Куманово, Брвеница и Босилово, а ја започнува и подготовката за пилот програма за сексуално образование.
На денешната седница, Владата ја прифатила Информацијата на Министерството за образование и наука за воведување пилот-програма за сеопфатно сексуално образование во 9-тиот степен на основното образование во четири училишта, две во урбана средина, едно во рурална средина и едно училиште каде мнозинство од учениците се од малцинските етнички заедници.
Пилотирањето, согласно Акцискиот план е предвидено да отпочне со реализација во 2021 година, откако претходно ќе бидат завршени сите планирани чекори: изработка на материјали за обука на наставниците, обука на наставниците и изработка и пилотирање на инструментите за евалуација на пилот програмата.
На оваа владина седница е усвоена Информацијата за обезбедување буџетски средства од Министерството за труд и социјална политика за изградба на детски градинки во Општина Чаир и Општина Лозово, како и за набавка, испорака и монтажа на опрема во детските градинки во Општина Куманово, во Општина Брвеница, и во Општина Босилово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.