Собраниската седница за гласање на доверба на Владата се уште не продолжува. Потпретседателот на Собранието Фадил Зендели повторно даде пауза откако констатираше дека во салата нема кворум за одржување на седницата.  Тој кажа дека во салата има присутни само 60 пратеници и дека седницата ќе продолжи подоцна, но не кажа кога точно би било тоа.

Инаку и претставниците на Владата на Зоран Заев, се во просториите на Собранието, но не се појавија во собраниската сала, каде што требаше да се гласа за нејзина доверба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.