Сè уште нема договор меѓу власта и опозицијата за Законот за јавно обвинителство со кој треба да се реши идниот статус на Специјалното јавно обвинителство. И по вечерашната средба во Министерството за правда остануваат клучните разлики околу статусот на СЈО и употребата на аудио материјалите.
Претставниците на власта и опозицијата, кои учествуваа на средбата вечерва изјавија дека разговорите продолжуваат и е оставен простор за консултации. Дополнително ќе биде утврден нов термин за средба.
Министерката за правда Рената Дескоска – Треневска се надева дека за Законот ќе биде обезбедено двотретинско мнозинство и оти законот ќе биде донесен пред изборите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.