Одлука за престанување на мерката со која сите домашни и странски физички лица – патници од земјите од Африканскиот континент и од Бразил, кои влегуваат на граничните премини на територијата на Македонија, задолжително се упатуваат во 14-дневна изолација (карантин) донесе Владата на денешната седница.
Како што соопштија од Владата, мерка ќе продолжи да продолжи да се применува само за странски физички лица – патници од Индија.
На седницата, министерот за здравство Венко Филипче, исто така, информирал дека е намален бројот на дијагностицирани и хоспитализирани лица поради ковивид -19, така што се затворени дел од ковид-центрите. Во однос на вакцинацијата, Филипче информирал дека набавката на вакцини и вакцинацијата на населението се одвива добро. Тој најавил отворање на два дополнителни пункта за имунизација во Велес и во Прилеп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.