Се укинува забраната за движење во шуми и шумски предели.
Владата на денешната седница одлучи дека за заштита и за спречување пожари на отворено, ќе се спроведуваат засилени контроли од страна на МВР и Шумската полиција.
Врз основа на препораките на Главниот штаб за управување со кризи, Владата донесе одлука за укинување на забраната за движење во шуми и шумски предели и ги задолжи Министерството за внатрешни работи и Шумската полиција при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да спроведуваат засилени контроли за заштита и спречување на пожари на отворено – соопшти владината прес-служба.
Забраната за движење во шумите и шумските предели беше во сила од 3 август.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.