Политичката партија Левица, како иницијатор за оценување на уставноста на т.н. Закон за двојазичност, доби повратен одговор од Уставниот суд на РМ дека предметот за оценување на овој пропис е во завршна фаза и очекуваме истиот, во најбрз можен рок, да биде ставен на дневен ред на седница на Уставниот суд и да биде поништен со негова мериторна одлука. Да потсетиме, овој контровезен закон, кој беше дел од Тиранската платформа, а кој доби негативна рецензија и од страна на Веницијанската комисија, беше илегално прошверцуван во Собранието на РМ и објавен во Службен весник без потребниот претседателски потпис, пишуват од политичката партија Левица.
Левица останува да ги користи сите институционални и вонинституционални методи на политичка борба, со цел ставање крај на ова беззаконие, додаваат оттаму.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.