Во последните 24 часа се направени 997 тестирања, а регистрирани се 92 нови случаи на Ковид-19, додека 86 пациенти се оздравени и тројца се починати, соопштија од Министерството за здравство.

Од новорегистрираните заболени, во Скопје се 17, Куманово-6, Штип-6, Прилеп-2, Тетово-7, Струга-3, Велес-2, Битола-3, Охрид-2, Кавадарци-1, Гостивар-5, Гевгелија-3, Струмица-2, Крива Паланка-1, Кочани-3, Македонски Брод-2, Пехчево-3, Берово-1, Делчево-13, Свети Николе-4, Кичево-5 и  Неготино-1.

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 86 оздравени пациент од кои 24 се во Скопје, Куманово-31, Штип-8, Тетово-3, Гостивар-8, Пробиштип-1, Берово-6, Виница-2, Делчево-3.

Починати се три лица, и тоа пациент од Гостивар (41 година) и пациент од Дебар (63 години) кои починале во болница и пациентка од Ресен (35 години) почината вон болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15 090,  бројката на оздравени пациенти е 12 235, на починати е 617. Во моментов, се наведува во соопштението од МЗ, бројот на активни случаи во земјата изнесува 2238.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.