Како изминуваат последните месеци и се ближи крајот на Зоран Заев и криминално-рекетарската банда на власт, гледаме како “професионалните политички аналитичари” се обидуваат со “крајни напори” да ги релативизираат работите. Па така, во дел од неодамна објавените текстови и коментари можеме да видиме како “Надежта дека во Македонија некогаш ќе владее правдата е како приказната за датумот за преговори со ЕУ. Еве го, ене го, а никако да дојде. Падна СЈО. Како што изгледа, со сведочењето на Верушевски може да падне и најголемиот случај на СЈО, Таргет-Тврдина” или “Клучот дали да продолжиме да се надеваме дека ќе има правда го држи Франција. Оти, и со датум ќе биде тешко до правда. Ама, без датум па – никако.”, пишува генералниот секратер на ВМРО – ДПМНЕ, Игор Јанушев на својот Фејсбук профил.
Но сепак, најинтересно од се ми се виде обидот да се релативизира глупоста околу ветувањето за “300 пилоти” и правдањето дека всушност станува збор за “пилот- проект за 300 вработувања”, дополнето со тоа дека станува збор за мрзеливо новинарство, комбинирано со малку повеќе сеирџиска публика! Да, во последниот дел се согласувам, публиката е сеирџиска, но сепак и сосем во право кога вели дека сте на “Прав пат” за заминување од власт, додава тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.