Високи извори во ДУИ за АЛСАТ М изјавиле дека со сите сили ќе се спротивстават на евентуалната намера на претседателот за на чело на Агенцијата за разузнавање да го постави Еролд Муслиу.

Според нив таму треба да биде назначен „некој со кредибилитет, а не некој кој учествувал во фалсификување на досијеа или производство на фалсификувани документи“, стоеше во реакцијата на ДУИ од 2011 година кога Ѓорѓе Иванов сакаше да го именува за директор на Агенцијата за разузнавање.

Во 2010 година одекна голем скандал откако во јавноста се појавија  досиеја на УДБА водени под кодни имиња за првите луѓе на ДУИ како наводни соработници на тогашните југословенски тајни служби. Така  досиејата за Муса Џафери  (Мама), Фазли Велиу (Вујко) и Али Ахмети (Ибар) силно ја разнишаа тогашната владина коалиција помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.Особено досието Ибар тогаш силно ја растревожи ДУИ, каде се наведува дека УДБА, Југословенската тајна полиција, како соработник го регирстрирала и регрутирала Али Ахмети, подоцна водач на ОНА за време на воениот конфликт во Македонија, под скриен иднетитет Александар Антиќ.

Неофицијално, главен виновник за појавувањето на документите во јавноста за наводното досие на Али Ахмети како соработник на УДБА под името Александар Антиќ, бил токму Еролд Муслиу.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.