Денешното рочиште за случајот ТНТ се одложи бидејќи не беше пристутен адвокат  по службена должност.

Откако се констатираше дека тој не е присутен судијата Огнен Ставрев го одложи рочиштето.

Она што се очекуваше и што се навестуваше се оствари, судијата Ставрев му дозволи на Рустеми на следното рочиште да се произнесе по доказите на одбраната односно тие да бидат отфрлени.

Ова е надвор од сите закони и судски пракси бидејќи судот, а не обвинителот е тој што треба да одлучува дали некои докази ќе бидат прифатени или не.

Доколку ова сценарио се оствари одбраната практично ќе биде оставена без никакви докази во случајот ТНТ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.