Каде е торбата со парите, каква е вклученоста на специјалната обвинителка Катица Јанева, дали и кои политичари се вмешани се дел од клучните прашања, кои според упатените, се уште не се одговорени. Тие сметаат и дека истрагата за случајот „Рекет“ се води бавно и остава вакуум простор за гласини, пишива Радио Слободна Европа.
Ниту четири часа сведочење на специјалната јавна обвинителка во оставка Катица Јанева не донесоа појасна слика во јавноста за неколку клучни прашања во случајот „Рекет“ кој со месеци ја тресе македонската политичка и обвинителска сцена. По распитот во Јавното обвинителството за организиран криминал и корупција во својство на сведок впечаток е дека повеќе прашања се отворија отколку што се доби одговор. Со кратките одговори со “да” и со “не”, Јанева не откри каква e нејзината улога и вклученост, дали се инволвирани политичари, каде е сведокот Јордан Камчев.
Покрај овие прашања засега останува неодговорено и каде се парите од торбата со која, како што се гледа на снимката објавена на италијанскиот портал Ла Верита, од домот на бизнисменот Камчев излегуваат осомничените Бојан Јовановски и Зоран Милески- Кичеец.
Истрагата требаше да оди со побрзо темпо и да се даде приоритетно значење на одговарањето на сите прашања за кои се шпекулира во јавноста односно да не се дозволи портал со сомнителни мотиви да ја претрка истрагата и врз основа на тоа да се доразвијат такви шпекулации кои не штетат само на СЈО како институција, на истрагата, туку и на целата држава, вели адвокатката Сузана Јошевска Анастасовска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.