Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствари телефонски разговор со министерката за меѓународни односи и соработка на Јужноафриканската Република, Наледи Пандор.

Главна тема на разговор на двајцата министри била можноста за воспоставување на дипломатски односи меѓу Република  Македонија и Јужноафриканската Република, а воедно, заеднички е констатирано дека двете земји иако географски оддалечени, имаат потенцијали за соработка во различни сфери.

Соговорниците размениле мислења за преземање идни чекори во насока на воспоставување и развој на заедничките односи, при што се очекува, посебен фокус во иднина да биде ставен на економската соработка и зајакнувањето на трговската размена како основа за натамошна реализација на проекти од заемен интерес.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.