На денешното рочиште за „Рекет“, обвинителството на УСБ ги презентира доказите против обвинитетите Катица Јанева и Бојан Јовановски. Одбраната на двајцата регираше дека ги немаат добиено, на што обвинителката Вилма Рускоска реагираше дека не е точно.
Им беа пуштени доказите со доставување на обвинението иако на тоа не сме должни. Денеска ли видоа дека ги немаат. Можеби некој доказ сме испуштиле да скенираме, но на паузата и тоа ќе им биде доставено, рече Рускоска.
Првиот дел од доказите се однесуваат на наредбата за претрес на домовите на Јанева и Јовановски како и за одземениот телефон на девојката на синот на специјалната обвинителка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.