Поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, смета дека бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов и неговата ВМРО го дестабилизираат Балканот со нивниот однос по прашањето со Македонија.
Таквата позиција на Бугарија кон Македонија е поради тонот што го дава крајно десната партија во власта, претставена од министерот за одбрана. Веќе ја предупредивме Европската унија дека тој води крајно несоодветна политика за ЕУ. Ќе ве потсетам дека, како претседавач со Советот на ЕУ, Бугарија имаше поставено карта на Сан Стефано, на која е претставена Голема Бугарија, каква што сакаше Царска Русија да биде. Тоа им го посочивме на Европејците, изјави Коѕијас за порталот „Еурактив“.
Тој додал дека Бугарија сè уште не созреала за да сфати дека во Македонија се родила нова нација, која има свој сопствен јазик.
Наместо да го признае тоа и да придонесува за мирот и за пријателството на народите во регионот, Бугарија дејствува на дестабилизирачки начин, правејќи се Херкулес без мускули, додава потписникот од грчка страна на Преспанскиот договор со Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.