Бројот на активни случаи на Ковид-19 во државава достигна 14.661, откако во минатите 24 часа беа регистрирани 1.285 нови случаи на позитивни на корона вирус. Ширум клиниките и болниците во Македонија се хоспитализирани над 900 лица.
Како што информираа од Министерството за здравство, новозаболените 1.285 се од направени 3.404 тестирања. Битката со вирусот ја изгубија уште 14 лица.
Од новорегистрираните најмногу се во Скопје-522, каде има и најмногу активни случаи 6732. Во Прилеп има 79 новозаразени, Тетово 73, Велес 63, Битола 57, Гостивар 54, Штип и Кавадарци по 46,…
Поради се поголемиот број заразени на кои им е потребна хоспитализација и преполнетост на болничките капацитети, од вчера за третман на пациентите се на располагање и интерните клиники на Клиничкиот центар. На Клиниката за пулмологија и алергологија на располагање се 150 болнички кревети за лекување пациенти заразени со корона вирусот.
Според податоците на Министерството за здравство, на Инфективната клиника во претходното деноќие се примени уште 12 пациенти. Од хоспитализираните 162 на кислородна поддршка се 137 пациенти, а нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 9 позитивни и 1 дете суспектно на Ковид-19 како и 26 возрасни пациенти, позитивни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“, пак, имало осум приеми, а од хоспитализираните 79 пациенти, на респиратор се тројца. Во Институтот за ТБЦ се хоспитализирани 55 пациенти, позитивни и суспектни на Ковид-19.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 66, а во болницата во Штип се 48 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Кичево, Кавадарци се хоспитализирани 472 позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Со цел подобар третман на пациентети заразени со Ковид-19, Институтот за трансфузиска медицина, пак, вчера информираше дека се обезбедени вкупно 187 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти заразени со Ковид-19. Од нив 98 единици преку стандардно дарување и 89 единици конвалесцентна плазма преку аферезна процедура од вкупно 38 донори. Вкупно 136 дарители донирале плазма, со која се третирани околу 170 пациенти со Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата достигна 38 782, бројката на оздравени пациенти е 23.011, на починати е 1.110 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.