Во здравстен дом Скопје набавката на тонери и принтери е во тек, но кога ќе заврши засега не се знае.
Последниве десетина дена во скопските поликлиники, особено во лабораториите резултатите се чекаат подолго од вообичаеното бидејќи се потрошени тонерите на принтери. Поради тоа од лабораториите каде има најголема потреба за печатење на анализите од испитување на крв и урина на пациенти, се позајмуваат принтери од другите одделенија, па застој се прави на целата поликлиника. Пациентите се нервозни што мора дополнително да чекаат, додека пак здравствените работници незадоволни бидејќи не може да си ја завршат работата на наједноставен начин. Најизразен е проблемот во поликлиниките на Бит Пазар, Аеродром, Чаир, повеќе на слободен пачет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.