Се помалку слободни кревети во болниците, а Филипче наместо да ги зголеми болничките капацитети, брка провизии, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија повторно руши рекорди по ново заболени, само вчера се регистрирани на над 1.000 нови случаи, болничките капацитети се преполнуваат, а власта немам никаков план како ќе се справи со новиот бран.
Една година сме во состојба на пандемија, а Филипче и Заев немаат ниту една нова инвестиција во здравството.
Во цел свет вакцинацијата веќе е во напредна фаза, соседна Србија вакцинираше 30 проценти од населението, а ние не само што немаме вакцини, туку немаме ниту болнички кревети и капацитети.
Филипче и Заев ја преспаа цела пандемија и системот е оставен само од себе да се справува, без никаква помош.
Нема никаков кризен менаџмент, ниту пак план за излез од кризата.
Пандемијата нема сама од себе да стивне, а Заев и Филипче ако не се способни да направат нешто требаше да си дадат оставки уште вчера.
Предоцна е и нема време за импровизации. Потребен е одговорен пристап и сериозни политики.
Оставки веднаш!, истакнуваат од партијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.