Кичево, освен Тетово, доживува сериозна ситуација со корона вирусот. Најмалку половина од тестираните во текот на денот се позитивни, велат во Кичевската болница, од каде повикуваат на масовна вакцинација на населението за да се спречи ширењето на вирусот.
Но и покрај зголемувањето на бројот на заразени, пред пунктот за вакцинација во Кичево се чини дека не се почитуваат мерките за превенција.
Од 9:30 часот, еве не нè пуштаат, што да правиме. Од 9 часот не ме пуштаат“…
Можам да се заразам, сè е можно, бидејќи дојдов во 9. Мора да го одржуваат редот, но нема ништо. Имам маска, но маската не помага“, реагираат присутните.
Ништо не е подобра ситуацијата ниту во Гостивар. Како што соопштија од инфективното одделение, бројот на заболени расте од ден на ден.
Состојбата во Полошко е најлоша во Тетово каде бројот на пациенти кои се позитивни и оние кои се хоспитализираат последните денови брзо порасна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.