„Сè ќе биде добро“. Ова премиерот во заминување Зоран Заев им го порачал на групата претставници на Албанците со потекло од Македонија, кои вчера го пресретнале во Тирана и го предупредиле дека Албанците би можеле да организираат протести во земјава доколку не бидат исполнети нивните барања.
Како што пренесува „Танјуг“, тие побарале од Заев да ги ослободи, како што рекле, сите албански политички затвореници во земјава, потсетувајќи го премиерот дека ветил оти ќе го стори тоа пред да дојде на власт. Тие му порачале на Заев дека вооружената акција „Диво насеља“ во Куманово е монтиран политички случај и дека убиството на петмината млади Македонци кај Смилковското езеро е случај поради кој во затвор се невини Албанци.
Се разделиле со прашањето „Дали треба да организираме протести?“, на што Заев одговорил „Не мора, сè ќе биде добро“.
Од тука се поставува прашањето, што е тоа што ќе биде добро и за кого?
За терористичкиот напад во кумановската населба седумина се осудени на доживотен затвор, 13 обвинети добија казна од 40 години затвор, по 20 години добија петмина обвинети, две години помалку доби еден обвинет, а по двајца обвинети добија казна затвор од 14, 13 и 12 години.
Но, и во затвор групата има привилегии. Нивни фотографии редовно може да се видат по социјалните мрежи, од таму „летаат орли“, се закануваат, па дури и бараат донации за нивните загинати борци.
Во меѓувреме, претседателот Стево Пендаровски, во интервју за „360 Степени“ во врска со настаните од Диво Насеље истакнува дека во тековниот процес не се опфатени сите клучни актери кои учествувале во подготовката или во позадинското менаџирање на настаните.
За истото обвинуваат и од Алијанса за Албанците, според кои, пак, казните биле толку строги зошто чинителите се Албанци.
Претседателот на Одборот за Косово во српското собрание Милован Дрецун, пак, кој во Србија важи за умот на великосрпската пропаганда од времето на војните во поранешна Југославија, висок функционер во Coцијалистичката партија на Србија во времето на Cлoбoдaн Mилoшевиќ, во утринската емисија на телевизијата „Хепи“ има свое тврдење за овој случај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.