За „едно општество на сите“, за етнички поделената држава на дело – половина албанска половина ничија и сечија. За теророт врз сите, освен врз Македонците. Зашто она што нам ни се случило е фантазија, прецизно опишува Сашо Тасевски.
Османи кој расклештен им клима со глава на Захариева и Борисов додека бришат патос со Македонците, го гледаш како дава се од себе во лобирањето за признавање на Косово. И тоа како министер за надворешни на Македонија
Циникот Груби како најпрв вице премиер на Македонија, го интересира само албанско и Албанци. Важно му е само Албанците да не останат непопишани.
Ете, освен на Бугарите и на Албанците почна да им смета историјата и учебниците. Се палат учебници дури и по географија каде што има факти дека Османлиите ги користеле Албанците за да го чистат староседелското македонско население. Сме фантазирале и за балистите веројатно. И дедо ми фантазирал кога кај Колари кичевско, паднале во заседа на Џемо Хасо и едвај се извлекле. Митралезецот кој го извлекол дедо ми ранет, исто фантазирал дека цело семејство му е убиено од балистите, а сестра му и мајка му силувани пред да бидат убиени.
А Вејце, Карпалак, Љуботен, мавровските работници, хотелот во Челопек?
Измислици брате. Тие масакри беа во жарот на борбата за човекови права.
А етнички исчистените Македонци во 2001 година од Арачиново и други села кои никогаш не се вратија дома? А бе фантазираме. Нема такво нешто.
Тоа се обични измислици за да се навредат Албанците. Историјата мора да биде фина за слушање, дури и географијата.
Затоа се палат учебници како во времето на подемот на Хитлер.
Се ретушира историјата. Немало терор врз Македонците никогаш. Сите биле фини администратори кон нас. Бечка школа.
Ова е накратко она “Едно општество за сите” на Заев.
Тоа е плодот на неговата ѓоамити визија за европска Македонија. Тикви со расол. Заев само ги извади Македонците пред стрелачкиот вод на големобугарските-грчко-албански апетити.
И нормално, никој од заевци не реагира.
За нив сето тоа е демократија и меѓуетничка толеранција. Заевци во се што е навредливо и понижувачко за Македонците гледаат пријателски чин, се хранат со тие понижувања, ликуваат.
Они се етаблирани велепредавници на македонскиот народ. Глупаци на кои им се смеат сите кои имаат свои суверени држави и се горди на народот кој ги создал такви.
Попис?
Мало сутра! Тоа ќе биде само пребројување на племињата пред физичката поделба на територијата
Оставете ги да се попишуваат сами.
Така ќе ги знаеме со име и презиме сите поддржувачи на нивното велепредавство.
Готово е со Македонија, сите го знаеме тоа. Нашата генерација ќе мора да прифати да живеат како мигранти на своето огниште.
Остана уште да се обидеме да се спасиме како народ во рамките на оваа велепредавничка творба. Да го спасиме барем јазикот и историјата од бришење. Така еден ден може пак ќе имаме шанси да направиме македонска држава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.