Оваа идеја произлезе од Научниот симпозиум посветен на “Животот и Литературното дело на Стерјо Спасе”, кој во соработка со македонското друштво “Сонце”, беше организиран од Универзитетот, кога министерот Едмонд Адеми и амбасадорот на Република Македонија во Тирана, во разговор со ректорот Али Јашари побара зацврстување на врските и поголема соработка меѓу универзитетите во Република Македонија и универзитетот “Фан С. Ноли”.
Во таа насока, амбасадорот Данчо Марковски, по извршени претходни подготовки и координација со ректорот на Универзитетот “Климент Охридски” во Битола, Сашо Коруновски на 04.03.2019 г. оствари работна средба со ректорот на државниот Универзитет „Фан С.Ноли“ во Корча, Али Јашари и членови на ректорската управа, при што беа иницирани два конкретни предлози:
Отворање на Лекторат за македонски јазик; и
Заемно организирање на проверка на познавање на македонскиот јазик и издавање на дипломи на заинтересирани студенти и лица.
Ректорот Али Јашари информираше за веќе воспоставената соработка со универзитетите во Република Македонија и идејата за воспоставување на Лекторат ја оцени како мошне добра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.