Да не се повтори Кочани! Сите авторитети, поединци и институции, јавни претпријатија, медиуми, здруженија на граѓани, еколошки и планинарски друштва и други субјекти, да одвојат барем пет минути за превенција и спречување на пожари. Граѓаните да бидат посовесни при секое излегување на отворен простор, поле, нива, шума. Да ги преземат сите мерки за да се исклучи човечкиот фактор и тие да не бидат предизвикувачи на пожари.

На ова денеска повика инспекторот за превенција Димитар Каракулев.

На сите наплатни рампи во државата, од ЈП „Македонски шуми“, да се остават „купишта“ едукативни флаери за превенција од пожари, кои ќе им се даваат на сите возачи кои транзитираат низ државата или се упатуваат кон излетничките места. Еден отпушок од цигара фрлен низ прозорецот на овие високи температури може да предизвика последици од големи размери. Доколку се открие дека некој намерно предизвикал пожар, да се преземат најригорозни мерки против него, нагласи Каракулев.

Тој додаде дека и во населените места, во дворовите, шупите, граѓаните да ја проверат состојбата со лесно запаливи материјали и предмети и да ги обезбедат, бидејќи како што рече, голем дел од нив чуваат покрај куќите и во дворовите суви прачки и отпадок од винова лоза заради печење на ракија.

Тоа преставува исто така потенцијална опасност од предизвикување на пожари, заврши Каракулев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.