Тројца лекари од Институтот за судска медицина во Скопје се очекува утре да се приклучат на експертскиот тим во Софија кој ќе врши обдукција и идентификација на телата на загинатите македонски државјани во автобуската несреќа во Бугарија.
Како што соопшти министерот за надворешни работи Бујар Османи, нашите тројца експерти се веќе во Софија со цел да помогнат за побрзо завршување на обдукцијата. По известување од министерот за здравство и укажување од неговиот бугарски колега дека за нивен ангажман ќе биде потребна официјална нота од македонска страна преку бугарското МНР до Обвинителството во Софија, тоа е, вели Османи, направено. Попладнево нотата е испратена со барање тројцата експерти на Институтот за судска медицина во Скопје да бидат дел од експертскиот тим за обдукција и идентификација на телата.
– Тоа барање е упатено конечно до обинителството, процедура која сепак, според бугарските власти треба да се почитува и очекувам во текот на утрешниот ден обвинителството да го одобри нивното вклучување во процесот на идентификација – рече Османи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.